Сулејман Реџепи до Сашо Мијалков


16.02.2009


 До Директорот на ДБК 

Г-д Сашо Мијалков
Скопје



Во последно време се повеќе се зајакнуваат активностите на радикални екстемни исламски групи во Република Македонија вклучително и на Вехабистите. Познати се настаните пред неколку години на вооружени групи кои влегуваа и во седиштетот на Исламската Верска Заедница вршејќи притисок врз функсионерите на ИВЗ да донесуваат решенија во нивна полза. Исто така познат е случајот кога на Факултетот за Исламски Науки Скопје кога го прекина со употреба на пукање од огнено оружје заседанието на Собранието на ИВЗ. 
Минатата година Вехабистите насилно поставија имам и проповедник во џамијата Хатунџик Скопје без одобрение на надлежните органи на ИВЗ кога имаа и отворена подршка од високи функционери на Општина Чаир, Исламската Заедница за овој случај беше приморана да бара и судска заштита кој случај го доби на суд меѓутоа извршувањето оди тешко. Пред две години преставникот на ИВЗ Јакуп Селимовски учествувајќи во емисијата „Во Центар“ со работен наслов „Вехабизмот на Балканот“ кога се водеше дебата за историјатот на ово исламистичко движење од лицето Бекир Халими нашиот преставник беше даден на суд и судот донесе одлука на негова полза. Од ова школска година започна изведувањето веронаука во основните училишта што ние како Исламска Заедница сме мошне благодарни меѓутоа секаде не се постапува согласно Законот за основно образование и согласно постигнатите договори помеѓу верските заедници и министерството. Така, во Општина Чаир во неколку училишта изведуваат настава по предметот веронаука лица од групата на Вехабистите.
Вехабизмот преставува екстремно исламистичко движење кое настанува во втората половина на 17-тиот век на просторот на денешна Саудиска Арабија. Како оснивач се јавува лицето Мухамед Абдулвехаб а покасно врз неговата верска доктрина се подига и сегашната династија на Ал-Сауд во Кралството Саудиска Арабија. Во суштина движењето е декалентно, конзервативно и во својата суштина екстремно спрема сите други поинакви пазмислувања и ставови.
Мецени на ова движење се појавуваат поединци и здруженија од Кралството Саудиска Арабија како и од Емиратите кои во последно време заедничките влади на тие држави настојуваат да ги стават под контрола и да го оневозможат таквотонивно делување.
Во земјава ИВЗ превзема мерки и активности да го попречи нивното влијание поготово во рамките на организираниот верски живот на муслиманите во РМ и тоа го прави делумно успешно од причина поради одредени политички интереси на одредени политички групи како ДУИ а сега пак Нова Демократија не сме во можност целосно да ја постигнеме поставената цел. Односно да извршиме целосно искоренување на ова екстремно движење како што беа спомнати примерите.
Во прилог на ова информција е и написот објавен во весникот Коха од 12 фебруари 2009 г. како и дописот доставен во Министерството за Образование за изведувачи на наставата од таа група во Општина Чаир.


Реис Улема
Хаџи Сулејман Еф.Реџепи