Република Турција од соодветните институции на Македонија бара неизбежни мерки против Сулејман Реџепи

Во многу медиуми на Република Турција е објавен еден извештај-подробна анализа околу сомнителните активности на Сулејман Реџепи како и за криминализацијата на ИВЗ од негова страна. Исто така, покрај другото, се подвлечени и обидите на Сулејман Реџепи да го продаде и уништи вакафот кој потекнува уште од времето на Османлиската Империја. Во продолжение се нагласува и неговиот антитурцизам како и неговиот обид да ги сочува подземните врски со елементите на FETO. “Република Турција како Држава, го опоменува за грешките кои Сулејман Реџепи, во име на Муслиманите во Македонија, во неговите говори, му се има спротивставено на Турција и на Претседателот Реџеп Таип Ердоган, и за овие грешки турската држава бара да се преземат конкретни и неизбежни мерки”, се вели покрај другото во извештајот објавен вчера во десетина турски медиуми. 


Извештајот започнува со еден опис на целокупната структура на муслиманскиот народ на Македонија, кои ја имаат својата верска институција, Исламската Верска Заедница, која моментално е узурпирана од Сулејман Реџепи. Во продолжение, хронолошки се наредени мноштво афери кои се поврзуваат со Сулејман Реџепи и неговите малодушни интереси. Во извештајот се вели:

“Исламската Заедница на Југославија во минатото ги има претставувано официјално муслиманите на балканските држави а посебно муслиманите на Македонија. Независноста на Македонија како држава донесе и независност на институциите во земјата кои некогаш функционираа под капата на федералните институции. Оттука, се осамостои и верската исламска институција со името Исламска Верска Заедница на Македонија. Исламската Верска Заедница зафаќа место и во Усатвот на државата и е независна во организирањето на верското образование, менаџирањето со добрата на вакафот, издавањето на верските книги идр. Вековното искуство во организирањето на верскиот живот придонело ИВЗ да биде добро организирано. Избран Реис Улема, како негов дел се и 13-те Муфтицтва преку кои се простираат верските активности низ сите градови во Македонија. Имамите кои ја вршат својата должност во градови и села се носители на верските должности во соодветните муфтиства. Во рамките на Исламската Верска Заедница во Република Македонија денес се активни околу 600-тини Џамии и Месџиди. Турција е една од земјите кои најмногу ја има помогнато ИВЗ; Исламската Заедница на Турција (Дијанетот) последниве години ја има проширено својата активност, има помогнато и студенти, додека верското образование е видливо зголемено”, стои подвлечено во овој извештај во делот во кој се зборува за структурата на муслиманскиот народ како и за организирањето на институционалниот верски живот во Македонија.

Понатаму, извештајот носи деталји околу сомнителните и криминализирани активности на Сулејман Реџепи, кој ги има интензивирано овие дејствија од кога го има узурпирано ИВЗ и, особено кога од оваа инситуција, токму поради криминалзираните десјтвија на Сулејман Реџепи даде оставка и генералниот секретар Африм Тахири.



“Одговорноста на Реис Улема и Сулејман Реџепи

Реис Улема на Македонија е повикан да предводи со сите верски активности и општествените организирања со верски карактер, под контролата на Реис Улема се и добрата на Вакафот како земјишта, дуќани идр. Претседател на ИВЗ засега е Реис Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи. Сулејман Реџепи со ИВЗ раководи еден долг период гарантирајќи си себеси доживотен мандат! Муслиманите во Македонија се чувствуваат доста вознемирени од Сулејман Реџепи и заради ова за него имаат отворено голем број судски процеси.”


Се што се кажува околу Сулејман Реџепи, се потпира на факти и мноштво неоспорливи аргументи. Извештајот започнува со фактот дека Сулејман Реџепи има желба да се фотографира секогаш ставајќи го на преден план часовникот Ролекс вреден 35 илјади евра што го носи на рака и кој е знак- кој пренесува порака за можноста за корупција, во секој момент.

Во продолжение следат фрагменти од овој извештај кој веќе ги има заобиколено сите печатени и електронски турски медиуми:



“Придобивките и личните интереси

1. Сулејман Реџепи на рака го држи часовникот марка Ролекс во вредност од 35 илјади евра. Во нормални услови, земајќи ги предвид и личните примања од таа позиција на Сулејман Реџепи, не може да се замисли еден раскош од такви размери.

https://www.youtube.com/watch?v=bnwmmrruAIs

2. “Познатата Џамија меѓу Скопјаните како Чаршиската Џамија порано ги имаше во сопственост Вакафите кои се наоѓаат околу неа, дуќаните сега веќе се продадени со посредништво на една банка. Сулејман Реџепи ги има ставено под хипотека овие дуќани по заемот што го има земено во оваа банка, наводно за платите на вработените! Овој факт го потврдуваат особено кулоарите кои одблиску се со оваа проблематика. Изводите од Банка изнесуваат на виделина податоци кои може да ги наречеме официјални.”

Сулејман Реџепи не е во состојба да каже ништо што се случува со Џамијата на Чаршијата во Прилеп и каде остана вакафот на оваа џамија, како што не е во состојба да каже ниту збор што се случи со објектот на Скопското Муфтиство (ул. Самоилова бр. 43) кое се откупи со заем од една банка што функционира во Скопје. Исто така не е во состојба да каже што се случува со Вакафот на Џамијата на Алаџа, за кое се зборува дека му ја има „подарено“ на некоја фирма со името „Шмеки“! Каде остана Вакафот на Муфтиството во Битола? А тој од Ресен, Велес… Ги продаде сите, а во меѓувреме го има распространето својот имот и сопственото и семејното богатство. Денес, Сулејман Реџепи се смета како најбогатиот „реис“ на најсиромашните муслимани во регионот, подвлекува турскиот извештај за во продолжение да застане во конкретните активности на Сулејман Реџепи што се однесува на продажбата, оттуѓувањето и уништувањето на вакафот:


Продажбата и оттуѓувањето на добрата на Вакафот

Добрата на Скопскиот Вакаф се продаваат а Сулејман Реџепи не превземал никакви мерки за да ја попречи оваа појава. Напротив, го стимулира, бидејќи значителен процент влегува во неговиот џеб.

Сулејман Реџепи сега веќе го има ослепено богатството на Вакафот кое било наследено од Османлиската ера.

“Воопшто, Скопскиот Вакаф е во мизерна состојба. Сулејман Реџепи не направил сериозни обиди во рамките на законот да ги врати имотите од Отоманската ера, а, од друга страна, Џамиите на Македонија останале без надзор и ИВЗ не преземала мерки за градби, обновувања, надзор. Како последица на ова недолично однесување, и Муфтиите останаа без најмалата можност на избегнување на такви ситуации. Додека Муфтиите од стравот предизвикан од психолошкиот притисок кој врз нив го врши Сулејман Реџепи, немаат смелост да спомнуваат ништо во врска со криминализираното однесување на Сулејман Реџепи кон Вакафот. За грешките на Сулејман Реџепи во врска со неговиот став против Османлиската култура, ограбувањето на џамиите, продажбите на Вакафот, имаше и такви кои не замолчеа туку отворено зборуваа аргументирајќи ја мизерната положба на кое ја сведе ИВЗ Сулејман Реџепи. Еден од нив е и поранешниот Генерален Секретар на ИВЗ Х. Африм еф. Тахири, кој предупредувањето за овие настани го сфати како исламска задача и таму каде што му се даде простор има делувано, започнувајќи од Претседателството на Албанија како и разните меѓународни структури”, се вели во извештајот прикажувајќи за илустрација и конкретни линкови и факти.

https://www.lajme.al/leter-e-hapur-presidentit-ilir-meta

https://kombetare.wordpress.com/2017/11/17/sa-kushton-nje-dekorate-presidenciale/


Исто така, во извештајот едно посебно поглавје му се посветува на сомнителните врски на Сулејман Реџепи што ги држи со терористичките структури на ФЕТО. Околу овој проблем турскиот извештај подвлекува:


“Сулејман Реџепи како штитеник на ФЕТО

Претседателот на Албанија е познат како подржувач на ФЕТО. Рефлексија на ова е реакцијата на Претседателот на Албанија во врска со екстрадацијата на членовите на ФЕТО од Косово. Сулејман Реџепи, и наспроти ставовите и официјалните барања на турската влада нејзините алеати да не соработуваат со подземните елементи на оваа терористичка организација, Сулејман Реџепи, се обидел богатството и имотите на оваа терористичка организација да ги префрли како имот на ИВЗ, со цел да му го сочува на ФЕТО валканото богатство. Нормално, турското барање што се однесува на ѓуленистите во Македонија секогаш било одбиено бидејќи се јавни врските на гуленистите со власта, особено со еден дел од власта што се контролира од Али Ахмети, претседателот на ДУИ”
, подвлекува извештајот, за понатаму да застане во последните врски на Сулејман Реџепи со вехабиските структури во Макеоднија но и во светот.

http://1kliklarg.com/lajme/maqedona/edhe-sulejman-rexhepi-kunder-feto-s/



“Сулејман Реџепи како заштитник на вехабистите/селефистите

Во 2016 година Сулејман Реџепи изјавува дека учениците муслимани на Македонија кои идат да се школуваат во Саудиската Арабија се платеници, вехабисти кои имаат симпатии кон ИСИС. А после две години, на 11.11.2018, од Саудиска Арабија дошле во Скопје 6 оџи, со помош и покана на Сулејман Реџепи, одржале верски курсеви на 50-тина имами, иако имало вработени имами од Хенефискиот Мезхеб кои одбиле да учествуваат во тој курс за “повик за ислам”.

Сулејман Реџепи, по трагичното убиство на Кашоги, се обраќа на Саудиската Арабија со поддршка на кралското семејство. Сулејман Реџепи на Кралското Семејство на Саудската Арабија во своето подржувачко писмо им се обраќа вака “Јас го поддржувам Кралското Семејство и во името на сите муслимани на Македонија се заблагодаруваме на кралското семејство”. Во врска со ова поддржувачко писмо имало мноштво реакции од страна на Муслиманите во Македонија, а Турската Амбасада имаше упатено молба ова писмо да биде повлечено од официјалната веб страница, но, за жал, и до ден денес ова писмо стои на веб страницата на ИВЗ”, се вели во објавениот извештај во дессетина турски медиуми придружено со линкови, фотографии и конкретни факти кои го илустрираат секоја констатација од извештајот.

http://struze.mk/ivz-glaven-problem-se-imamite-od-saudiska-arabija/

https://www.youtube.com/watch?v=NCH_eSN2N6I

http://bfi.mk/al/leter-perkrahese-mbreterise-se-arabise-saudite/?fbclid=IwAR3HRYNk_DCL4rXBqlO_GZ4B4tNVo9lzrJkUBYEkhfBeGFuks6HV24POWdE

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/10/98419/

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/sulejman-redzhepi-vo-ime-na-ivz-go-poddrzhuva-kralot-na-saudiska-arabijae-vo

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/poglavarot-na-ivz-ja-poddrzha-saudiska-arabija-za-sluchajot-ubieniot-novinar/

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fmakpress.mk%2FHome%2FPostDetails%3FPostId%3D255258


Несомнено, турскиот извештај кој завзема многу простор низ турските медиуми едно посебно поглавје му посветува и на ставот на Сулејман Реџепи поврзано во врска со Турција и нејзиониот претседател, Реџеп Таип Ердоган:

“Сулејман Реџепи, спротивставувањата и неговите говори против Турција и Реџеп Таип Ердоган

За претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи постојат сериозни обвинувања кои треба сериозно да се анализираат. Покрај помошта и поддршката која Турција ја дава, Сулејман Реџепи не престанува со селефиски/вехабиските говори против Турската држава.

Од месец Мај 2015 година во врска со Сулејман Реџепи медиумите во Македонија имаат објавено околу 3000 текстови и информации.

Сулејман Реџепи, за Реџеп Таип Ердоган има зборувано во многу телевизии. Подолу во прилог едно снимање кое го потврдува ова што го подвлекуваме во извештајот: 


Во оваа програма на 28/03/2018 во ТВ Коха од Тетово зборува за Турција и нејзиниот претседател Ердоган.


https://www.youtube.com/watch?v=UjmTKk6LxpA



По орденот наводно од “aмериканците” во Македонија, во оваа фотографија недостасува и турското знаме.

https://mileniumi3.wordpress.com/2017/12/29/myfti-qani-nesimi-zoti-qofte-i-kenaqur-me-presidentin-amerikan-donald-tramp/


Извештајот завршува со неколку препораки кои може да се перцептираат и како официјални ставови на Турската Држава што се однесува на Сулејман Реџепи и негоите блиски соработници, кои молчат и во молк го легитимираат сиот овој криминал кој го врши врз вакафот како и воопшто врз Институцијата на ИВЗ:


“Препораки

Активната Турска културна дипломатија во Балкан го има појаснето генералниот став на турската држава. Во овој правец, распространетоста на селефиското умие треба да ги алармира почнувајќи од Муфтиите,  имамите како и целиот кадар што има завршено студии и образование низ Турските Универзитети, бидејќи Сулејман Реџепи не ја врши својата должност како што треба во овој правец.


Во Македонија живеат стотина хафизи. За најмладите хафизи треба да се овозможат стипендии, студентски домови, и други услови за да имаат можност да дојдат да се образоват и школуваат во Турција, или, да им се овозможат услови и во својата држава да се образоваат од сигурни верски извори.

Последниве години Сулејман Реџепи многу од вработените во ИВЗ ги има избркано од работа бидејќи не го поддржале него и неговите деструктивни политики и после ова прекинал секакаква нивна верска активност.

Исламската заедница е преполна со лица кои ме се потчинуваат нему. Покрај четворицата блиски лица кои ги има избркано во последно време, тој може да го избрка и целиот персонал.

Африм Тахири, лицето кое Сулејман Реџепи го познава одблизу, десетина пати го има јавно покането Сулејман Реџепи на телевиски дебати , но тој не прифаќал такво нешто.

Злосторствата на Сулејман Реџепи ги знае и самата држава на Македонија. Мухамед Зекири еден од пратениците на Македонското Собрание, во неговиот говор во Собрание, директно го обвини Сулејман Реџепи за злоупотреба, така предупредувајќи ја државата, владата и народот во врска со Сулејман Реџепи.


https://www.youtube.com/watch?v=1MOxThJa6uw&ab_channel=DailyVideo

https://www.youtube.com/watch?v=ddk8Wmp_9vs

Република Турција како држава предупредува, за грешките кои Сулејман Реџепи во името на Муслиманите на Македонија во неговите говори ја има спротивставено Турција и Претседателот Реџеп Таип Ердоган, и за ова, со цел што поскоро да се избегнуваат овие грешки, треба ургентно да се преземаат конкретни неизбежни мерки.


/milatgazetesi/
/dunyabulteni/
/sonnethaber/


Comments